четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо ќе носи патики изработени од раката на Македонец!

Роналдо ќе носи патики изработени од раката на Македонец!

Кристијано Роналдо, еден од најдобрите светски фудбалери, добива рачно изработени патики од страна на македонскиот уметник Сатја Грабулоски, кој со својата компанија „Swithadot“ прави чуда и продолжува да ги снабдува светските спортски ѕвезди.

По Серхио Рамос, Тигран Барсегјан, Богдан Богдановиќ, Хенрик Михтарјан, Тимур Дибиров, Жоан Кањељас, Андреа Лекиќ… рачната „магија“ на Македонецот дојде и до некогашниот освојувач на Златната топка и најдобар светски фудбалер. Роналдо од компанијата добива патики изработени по своја желба, на кои се исцртани ликот на Португалецот и воедно неговата препознатлива прослава по постигнат гол.

Извор: gol.mk