петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо: Победата во првиот меч е клучна, останатото не се брои

Роналдо: Победата во првиот меч е клучна, останатото не се брои

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо истакна дека се гордее со својот рекорд, поставен на ечерашниот натпревар против Гана во Катар, со што стана првиот играч кој постигнал гол на пет Светски првенства. Капитенот на португалската репрезентација ја водеше својата селекција до победа од 3-2 и први бодови на Мундијалот.

„Да се ​​биде првиот фудбалер што постигнал гол на пет Светски првенства е нешто што ме прави многу горд. Ова е одличен момент, мое петто Светско првенство, победивме и добро почнавме. Победата во првиот натпревар е клучна, останатото не се брои“.

Второто коло во групата Х е закажано за в понеделник, кога ќе играат Португалија – Уругвај и Гана – Јужна Кореја.