сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо повторно се исплаши од топката во живиот ѕид, а Јуве прими гол: Сите го исмеваат за оваа реакција (ВИДЕО)

Роналдо повторно се исплаши од топката во живиот ѕид, а Јуве прими гол: Сите го исмеваат за оваа реакција (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус успеаа да ја совладаат Парма со 3: 1 во 32. коло од Серија А, сепак, без оглед на тоа што победија, навивачите на „Старата дама“ како и сите медиуми во Италија се повторно лути на реакцијата на Роналдо во живиот ѕид!

Иако Јувентус успеа да ја победи Парма, која се бори за опстанок во Серија А, целото внимание е насочено кон Кристијано Роналдо, кој повторно беше исплашен од топката во живиот ѕид!

Тој ја повтори истата грешка како и на реваншот против Порто, кога тој погодок ги чинеше испаѓање од најелитното европско натпреварување.

Овој пат Роналдо не скокна, иако топката одеше точно над главата. И да биде работата уште полоша, ја спушти главата и ја истегна ногата, како дете.

Сепак, овој пат немаше големи последици бидејќи играчите на Јувентус успеаја да ја надополнат загубата до крајот на полувремето кога Алекс Сандро постигна гол во 43-та минута.

Во продолжение, левиот бек на „Старата дама“ успеа да постигне уште еден гол, а победата ја обезбеди Де Лихт со погодок во 68-та минута.