вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо: Среќен сум што ја создавам историјата на овој одличен клуб

Роналдо: Среќен сум што ја создавам историјата на овој одличен клуб

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо ги сподели своите впечатоци од освојувањето на италијанскиот шампионат.

– Направено! Шампиони на Италија! Среќен сум што продолжив да ја создавам историјата на овој одличен клуб, напиша 35-годишниот Португалец на Инстаграм.

Тој трофејот им го посвети на сите навивачи на Јувентус, особено на оние кои биле и продолжуваат да страдаат од пандемијата.

– Не беше лесно. Вашата храброст, став и решеност станаа силата што ни требаше во овој напнат крај на првенството и борбата за титулата.

Роналдо го освои 31. трофеј во кариерата.