Кристијано Роналдо нервозно го напушти воторот полувреме во 65. минута кога беше заменет од селекторот Фернандо Сантош.
Можеше да се забележи дека Роналдо не е задоволен што го завршува натпреварот, а португалските медиуми пишуваа дека испратил пцовка до селекторот.
„Очигледно многу ти се брза да излезам, да те е*ам“, наводно изговорил Португалецот.
На прес-конференцијата по натпреварот Роналдо објасни дека нервозната реакција била поради провокација од страна на еден фудбалер на Јужна Кореја.
„Пред да ја напуштам играта, фудбалер на Јужна Кореја луто ми рече да излезам порано. Му одговорив да замолчи. Тој нема никаков авторитет и моќ да ми кажува било какво мислење“, објасни Роналдо.
"estás com uma pressa do caralho para me tirar foda-se" 🔥🥹 pic.twitter.com/tU3kY9aiZX
— 𝐴 𝐶𝑎𝑟𝑡𝑖𝑙𝘩𝑎 𝑑𝑜 𝐶𝑜𝑙𝑜 (@cartilhaReborn) December 2, 2022