Алексис Санчез по вторпат во неговата кариера ќе ја напушти Италија и Серија А со тоа што ќе остане во Топ 5 лигите во Европа.
Информациите кои ги пренесуваат повеќе медиуми велат дека Санчез и Интер постигнале договор за раскин на соработката што значи дека сега Чилеанецот како слободен играч ќе ја избере новата средина.
Нов тим на напаѓачот се очекува да биде Олимпик Марсеј, состав кој го води Игор Тудор.