Триесет и шест главни судии, 69 помошници и 24 ВАР-судии, се најдоа на листата на судии која ја објави Светската фудбалска организација – ФИФА за претстојниот Мундијал во Катар, помеѓу нив и шест судијки.
За прв пат во историјата на Светско првенство, на оваа листа се најдоа жени, односно, три главни и три асистентки судијки.
Станува збор за Стефани Фрапарт од Франција, Салима Мукасанга од Руанда и Јапонката, Јошими Јамашита и асистентките Неуза Бек од Бразил, Мексиканката Карен Дијас Медина и Кетрин Несбит од САД.
Најголемиот дел од главните судии се од Европа, вкупно 12 претставници. Седум се од Јужна Америка, шест од Африка, а петмина доаѓаат од Азија. Централна Америка има три претставници, Океанија два и еден судија доаѓа од Северно-американскиот континент.