Во петок вечер се игра натпреварот кој многумина го чекаат, а во јавноста секојдневно излегуваат фудбалерите кои меѓусебно се провоцираат. Србија ќе игра со Швајцарија.
Претстојниот меч меѓу овие две репрезентации ќе донесе и доста тензии, затоа што дел од фудбалерите на Швајцарија, кои се по потекло од Косово, претходните денови провоцираа со своите изјави и ја креваа тензијата. Во јавноста посебно излегоа Гранит Џака и Џердан Шакири.
-Доста се зборува со тоа. Ние нема да влегуваме, затоа што се гледаме себе. Нема да се случи мечот од Белград кога бевме наивни(случајот со дронот). Нема да дозволиме ниту една провокација. Што тие прават, тоа е нивни проблем, порача Тошиќ, инаку сопруг на познатата пејачка Јелена Карлеуша.