четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Судијата што го уништи Арсенал заборавајќи на ВАР-линиите си поднесе оставка

Судијата што го уништи Арсенал заборавајќи на ВАР-линиите си поднесе оставка

Ли Мејсон повеќе нема да биде ВАР-судија во Премиер-лигата откако си поднесе оставка од оваа функција по катастрофалната грешка што ја направи на последниот дуел меѓу Арсенал и Брентфорд.

Гостите стигнаа до гол за израмнување преку Тони, но Мејсон напави огромен превид не исцртувајќи ги линиите за офсајд, со кои јасно ќе се видеше дека асистентот на голот, Кристијан Норгард, се наоѓа во недозволена позиција.

Артета беше бесен, комисијата за судење упати јавно извинување до „топчиите“, но целиот случај доби целосна разврска со оставката што денеска си ја поднесе Ли Мејсон.

Тој цели 15 години беше главен судија на натпревари во Премиер-лигата, а во 2020/21 реши да се псовети само на ВАР-арбитража.