сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Судот во Лас Вегас предложи отфрлање на тужбата за силување против Кристијано Роналдо

Судот во Лас Вегас предложи отфрлање на тужбата за силување против Кристијано Роналдо

Судот во Лас Вегас препорачал да се одбие тужбата против Кристијано Роналдо за силување, што претставува големо олеснување за португалскиот фудбалер.

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед веќе некое време се бори со обвинението кое го изнела Кетрин Мајорга, девојката која го шокираше светот со информациите дека била жртва на силување во Лас Вегас во 2009 година.

Сепак, синоќа се случил многу важен момент во овој случај. Судот со САД предложи отфрлање на тужбата на сметка на Кристијано Роналдо.

“Задоволни сме со деталниот преглед на судот за оваа тема и подготвеноста праведно да го примени законот и да препорача отфрлање на предметот против господинот Роналдо”, соопшти адвокатот на фудбалерот, Питер С. Кристиансен.

Мајорга го обвинила Роналдо за силување кое се случило во хотелска соба во Лас Вегас во 2009 година. Неколку месеци подоцна постигнала договор со Роналдо и Португалецот ѝ исплатил 375.000 фунти.