Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, ја коментираше одлуката на напаѓачот Кристијано Роналдо да ја напушти клупата за резерви пред крајот на синоќешниот натпревар со Тотенхем (2:0) во натпреварот од 12. коло на шампионатот на Англија.
Триесет и седумгодишниот Португалец ја напушти клупата кога беа направени две замени во 89. минута од средбата и тој не влезе на теренот.
– Го видов Роналдо, но не разговаравме. Утре ќе се занимавам со ова, не денес. Ја славиме оваа победа и сега треба да се подготвиме за Челзи в сабота, изјави тен Хаг по средбата со Тотенхем.
Манчестер јунајтед победи и ја продолжи серијата без пораз на три натпревари во Премиер лигата и се наоѓа на 5. место на табелата.