недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

УЕФА ја казни Украина пред натпреварот со македонската репрезентација во евроквалификациите

УЕФА ја казни Украина пред натпреварот со македонската репрезентација во евроквалификациите

Парична казна во износ од 33.000 евра, како и делумно редуцирање на капацитетот на стадионот во Прага на кој идниот месец ќе ја пречека македонската репрезентација и изрече УЕФА денеска на Фудбалската федерација на Украина поради расистичко однесување на украинските навивачи претходно овој месец.

Казните се изречени за расистичко навивање за време на натпреварите кои Украина ги одигра во рамки на квалификациската група Ц за пласман на ЕУРО2024 против Англија на 8 септември и против Италија на 12 овој месец.

Украина ќе ја пречека македонската репрезентација на неутрален терен на 14 октомври во Прага.

Натпреварот ќе се игра на Арената „Летна“ која е со капацитет од 18.000 седишта.