вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

УШТЕ ЕДНАШ ЈА ПОКАЖА СВОЈАТА ГОЛЕМИНА: Роналдо своите луксузни хотели ги пренаменува во болници за заразените од коронавирусот

УШТЕ ЕДНАШ ЈА ПОКАЖА СВОЈАТА ГОЛЕМИНА: Роналдо своите луксузни хотели ги пренаменува во болници за заразените од коронавирусот
Foto: Getty Images

Кристијано Роналдо со години вложува во својот ланец на хотели КР7, а сега своите хотели во Португалија одлучил да ги пренамени за потребите за лечење на заразените со коронавирус.

Неговите луксузи хотели во Лисабон и Мадрид од следната недела ќе станат „болници“ за лечење на заразените. Сместувањето ќе биде бесплатно, а Роналдо ќе ги покрие сите трошоци за лечењето, како плати за лекарите, медицинските сестри и останатиот персонал, пишува шпанска Марка.

Португалија засега не е погодена како Италија, па Роналдо одлучил во самоизолација да состане во родната Мадира. Во Португалија до сега регистрирани се само 78 заразени лица со новиот коронавирус.

Ѕвездата на Јувентус во петокот се огласи преку социјалните мрежи.

-Севетот поминува низ тешки моменти кои сакаат внимание и одговорност од сите нас. Денеска не ви пишувам како фудбалер, туку како син, татко и човечко суштество кое е загрижено од сето она што се случува и што влијае во целиот свет. Многу е важно да ги следите советите на Светската здраствена организација (СЗО) и одлуките кои се носат од страна на надлежните се со цел како да се носиме со актуелната ситуација, напиша Роналдо на својот Инстаграм профил и додал:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

-Навистина, човечките животи мора да бидат над другите интереси. Моите мисли се со оние кои што изгубиле блиски, а сочуствувам со оние кои се борат со вирусот, како што е тоа мојот соиграч Даниеле Ругани. Нормално, изразувам поддршка до искусните професионалци кои што се грижат за здравјето на другите луѓе, а кои ги ризикуваат сопствените животи, завршува Роналдо.