Поранешниот тренер на Барселона, Ернесто Валверде призна каков пристап ќе заземе при избор на следниот клуб, во кој ќе работи.
Шпанецот беше разрешен во јануари и го замени Кике Сетиен. За 2,5 години, Валверде ги доведе Каталонците до две титули во шпанската лига.
-Ме прашуваат: „Што мислите за Премиер лигата?“ Јас велам: „Всушност, би ја претпочитал Австралија“. Фудбалската кариера не трае вечно, а понекогаш размислувате да ја искористите можноста да живеете на непознати места, рече 56-годишниот ментор.