сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ван Гал го објави списокот на Холандија и посебно израдува еден фудбалер

Ван Гал го објави списокот на Холандија и посебно израдува еден фудбалер

Луј ван Гал го соопшти списокот со 26 фудбалери кои ќе патуваат на Светското првенство, шанса доби и младиот Чави Симонс, кој веднаш се огласи на социјалните мрежи и се заблагодари за остварување на детскиот сон.

Без многу изненадувања во составот на Холандија, и покрај тоа што голманите можеби звучат анонимни, тоа се играчите кои Луј ван Гал ги користеше изминатиов период.

На списокот штрчи само името на 19 годишнит Чави Симонс, кој нема ниту еден настап за Холандија, но се наметна со одличните партии во ПСВ оваа сезона.

Поранешниот фудбалер на Барселона и ПСЖ веднаш се огласи на социјалните мрежи за да се заблагодари за остварување на детскиот сон.