понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Коди Гакпо го „нанижа“ и Катар, па влезе во холандската историја

ВИДЕО: Коди Гакпо го „нанижа“ и Катар, па влезе во холандската историја

Фудбалската репрезентација на Холандија со една нога веќе е во осминафиналето на Светското првенство во Катар, откако дојде до предност против домаќинот на „Ал Бајт“.

„Лалињата“ досега на собирот постигнаа четири погодоци, а три од нив се дело на новата млада ѕвезда Коди Гакпо. Напаѓачот одигра убаво проигрување низ средината со Класен, па излета сам на пеналтикот и рутински стрела во катарската мрежа.

Видеот погледнете го ТУКА

Гакпо со овој гол ја комплетира групната фаза, погодувајќи во сите три рунди на истата. Покрај тоа, младиот напаѓач стана само четврти холандски фудбалер кој дал голови на три последователни натпревари на Светските првенства. Исто така, Гакпо е и првиот фудбалер кој за Холандија давал голови на првите три натпревари на Мундијалите.