Вулверхемптон официјално се врати во Премиер Лигата. „Волците“ се на прво место во Чемпионшип дивизијата со 92 поени на четири круга пред крајот, а вториот Кардиф заостанува осум поени.
Резултатот, кој обезбеди пласман на тимот во Премиер лигата, е ремито на Фулам 1:1 со Брентфорд па така тимот од „Крејвен котиџ“ не може да ги претекне „портокаловите“ до крајот на сезоната, а во најлош случај тие ќе завршат втори што исто така, им носи промоција.
Според експертите на Островот, пласманот на Вулверхемптон во највисокото ниво на англискиот фудбал ќе донесе во нивната каса минимум 100 милиони фунти.
МИА