среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Жозе Мурињо го “пецна” Пеп Гвардиола

Жозе Мурињо го “пецна” Пеп Гвардиола

Жозе Мурињо добива честитки од сите страни откако две години по ред ја однесе Рома во европско финале, Португалецот го искористи вниманието да го пецне и неговиот вечен ривал, Пеп Гвардиола.

Рома во оваа сезона инвестираше само седум милиони евра со кои го купи Зеки Челик, останатите засилувања дојдоа како слободни играчи или на позајмица.

Мурињо низ сезоната мака мачи со повредени фудбалери, Рома нема широк ростер на квалитетни играчи, па тешко им е да играат паралелно и во Европа и во Серија А.

„Екипите кои на клупата имаат играчи од 40 до 70 милиони евра, не страдаат поради густиот распоред. Во средата кај Сити од клупа влегоа играчи како Алварез, Фоден, Марез… ние загубивме четири-пет играчи и моравме да страдаме за да ја одбраниме предноста од првиот меч против Леверкузен. Во Рома во игра влегува тој на кој му дошол редот. Минатото лето вложивме само седум милиони евра и стигнавме до финале, во денешниот фудбал, ова е голем успех“, рече Мурињо.