Баерн Минхен има големо амбиции во оваа сезона, сезона во која ќе биде предводен од трофејниот шпански стручњак Пабло Ласо.
Ласо сака да има конкурентен тим кој ќе може да одговори на сите предизвици, па така најново засилување е играчот кој изминативе 14 години ги мина во НБА лигата играјќи за Оклахома Сити Тандер, Орландо Меџик, Торонто Репторс (стана шампион во 2019) Лос Анџелес Клиперс и Милвоки Бакс-тоа е Серж Ибака.
Ибака има 33 години и може на високо ниво да ги пополни позициите 4 и 5, поточно да одговори како дефанзивно така и офанзивно.