вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Баерн Минхен доведе големо засилување пред стартот на новата сезона

Баерн Минхен доведе големо засилување пред стартот на новата сезона

Аргентинскиот кошаркар Леандро Болмаро е нов член на Баерн , потврди евролигашот од Минхен. Болмаро потпиша договор со клупските челници до јуни 2025 година.

22-годишниот Болмаро дојде во Минхен од Тенерифе, клуб каде одигра забележителни натпревари во вториот дел од минатата сезона.

Иако е многу млад, има и осумнаесет месеци искуство за НБА клубот Минесота Тимбервулвс, од каде што дојде во Тенерифе. Од 2018 до 2021 година беше член на Барселона.

„Баерн е голем клуб, а сега тренер на тимот е Пабло Ласо, така што мојата одлука да дојдам овде беше лесна. Многу добро се познаваме од Ендеса лигата и со нетрпение очекувам да работам со него, како и да играме за Баерн“, изјави Аргентинецот по потпишувањето на договорот.

Болмаро е еден од кошаркарите кои треба да го понесат товарот во новата сезона во Бундеслигата и Евролигата.