ФИБА предизвика сериозни критики од спортската јавност откако домаќините на Светското првенство во 2023 година добија можност да бираат по еден тим со кого сакаат да играат.
Квалификациите се уште се во тек, а ФИБА веќе на големо се критикува за според многумина крајно несериозниот потег кој не доликува на една светска организација. Домаќини на Мундобаскетот се Филипини, Индонезија и Јапонија и тие веќе си избраа по еден ривал.
Очигледно домаќините бираа атрактивни противници, сигурно дека причините се комерцијални. Јапонија си избра да игра со Дончиќ и Словенија, Индонезија ја избра Канада, додека САД беше избран од Филипини.
Интересено е што САД се уште официјално се нема квалификувано на СП, но со оглед на квалитетот со кој располагаат тоа никој не го доведува во прашање. Ждрепката за Светското првенство е закажана за на 29. април во Манила, датумот на почетокот на турнирот е 25. август.