понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Џоел Ембид ќе игра за Франција на Светското првенство?

Џоел Ембид ќе игра за Франција на Светското првенство?

Еден од најдобрите играчи во НБА, Џoел Ембид, би можел да заигра за Франција на Мундобаскетот следната година. Тој доби француски пасош, а претходно неколку пати ја истакна желбата да биде дел од оваа репрезентација, иако е Камерунец.За ова зборуваше и генералниот менаџер на репрезентацијата Борис Дијао.

„Ембид сè уште нема ФИБА лиценца, но би било убаво да добие за да игра за Франција. Знаеме дека тој стана француски државјанин. Се трудиме да имаме што повеќе добри играчи, за потоа да направиме тим кој добро функционира заедно“, изјави Дијао.

Светското првенство ќе се одржи од 25 август до 10 септември следната година во Јапонија, Индонезија и на Филипините.