Македонскиот кошаркарски тим Еуро Никел го формира тимот за престојнава сезона, а дел од истиот ќе биде интернационалецот од Хрватска, Јуре Планиниќ.
Се работи за 22-годишен играч кој ги покрива позициите четири и пет, играч кој во Кавадарци доаѓа од вториот тим на Цедевита. Во минатата сезона имаше просек од 7,6 поени, 4,2 скока и 0,9 асистенции по натпревар.
Претходно ги бранеше и боите на Задар каде и играше во АБА лигата