Кавадаречки Еуро Никел забележа уште една важна победа во машкиот кошаркарски шампионат.
Тимот од Кавадарци славеше над Академија ФМП (86-72) и така останува во игра за плеј-офот на домашната сцена.
Искусниот Ивица Димчевски натпреварот го заврши со 23 поени, пред Николовски со 14 и Стојановски со 12 поени.
Кај Академија ФМП, не помогна одличната партија на Бредли Ајви кој заврши со 30 поени, пред српскиот интернационалец Кошанин со 15 поени.