Кавадаречки Еуро Никел продолжува со добрите партии оваа сезона. Кавадарчани денес славеа на гости кај Работнички со 66-68 и направија крупен чекор напред кон финалниот натпревар на домашната сцена.
Најдобар кај победникот беше Рикиќ со 17 поени и 13 скока, пред Мијатовиќ со 14 поени, додека Дубински финишира со 12 поени.
Кај центарци, Бундовиќ имаше 21 поен, пред Аска со 12 и Младеновски со 10 поени. Следниот натпревар од серијата кој може да го даде финалистот се игра во Кавадарци.
foto: gol.mk