недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Еуро Никел преку Работнички се пласираше во финалето на кошаркарскиот шампионат

Еуро Никел преку Работнички се пласираше во финалето на кошаркарскиот шампионат

Кавадаречки Еуро Никел е првиот финалист во плеј-офот за шампионскиот трофеј во македонскиот машки кошаркарски шампионат.

Кавадаречкиот тим го потврди брејкот од пред два дена во Скопје и со нова одлична партија, по продолжението го елиминира најтрофејниот кошаркарски колектив скопски Рабптнички со(88-87, 74-74).

Во салата „26 април“ во Гевгелија избраниците на Самарџиев одново одиграа квалитетно и  со тоа си обезбедија финална борба за титулата шампион на Македонија. Најпрецизен на натпреварот беше Питс од Работнички со 31 поен, додека во домашниот табор одлични беа Соколов со 18 и Дубински со 16 поени.