Работнички ја запиша втората победа во второто коло во кошаркарскиот плеј-аут, откако денеска славеше на домашен терен против Кожув.
„Центарци“ ја диктираа играта и предводени од Балмазовиќ стигнаа до сигурен триумф од 81:70, па сега му избега на Куманово и има само три бода помалку од ФМП Академија која е прва во плејаутот.
Балмазовиќ беше херој со 26 поени и 7 скокови, Какруки го следеше со 14 поени, а Едвин го заврши мечот со дабл-дабл учинок од 12 поени и 10 асистенции.
Во поразениот тим од Гевгелија, Декардо Деј постигна 22 поени, а двоцирени беа Главчев со 14 и Оконкво со 12 поени зад своето име.
На единствениот меч кој се одигра во Суперлигата, Феникс направи огромно изненадување и ја запиша првата победа во историјата на разигрувањето, славејќи во Гостивар со 66:69 по продолжение.