понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Феникс го изненади Еуро Никел

Феникс го изненади Еуро Никел

Голема победа на домашен терен забележа тимот на Феникс 2010 откако славеше над Еуро Никел (76-67).Новајлијата во елитата се врати во играта за разигрување за титулата со оваа значајна победа на домашен терен.

Иако во составот ги немаше странските кошаркари, како и најискусниот играч Бојан Трајковски, Феникс 2010 беше сигурен пред домашната публика.

Одличен кај Феникс беше Михајлоски со 28 поени, пред Митревски со 18 поени, додека кај Еуро Никел искусниот Димчевски постигна 16 поени, пред Дубински со 12 поени, а Соколов уфрли уште 11 поени со уште девет скока.