Македонската машка кошаркарска репрезентација се најде на 28. позиција во Европа на најновата ранг листа на ФИБА, објавена денеска.
Тоа е скок за едно место во однос на претходното рангирање, а се должи на победата против Норвешка во претквалификациите за Европското првенство во 2025 година.
На светско ниво, Македонија е 53-пласирана, а пред нашата селекција се Колумбија, Панама, Шведска, Исланд, Бугарија итн.
На чело на ранг листата се уште е актуелниот светски шампион Шпанија, а нема никаква промена меѓу првите 19 репрезентации во ова рангирање.