Кошаркарот на Црвена ѕвезда Мирослав Радуљица доживеа сообраќајна несреќа во близина на ресторанво Белград.
Како што јавуваат српските медиуми, автомобил Волво удрил во мотоцикл Дукати управуван од Радуљица. Тој поминал со модринки и не побарал итна помош, потврдија од Црвена ѕвезда.
Радуљица дојде во Ѕвезда минатото лето, но речиси не играше во поголемиот дел од сезоната, а се шпекулира дека летово би можел да го напушти клубот.
Ѕвезда објави дека Радуљица е добро и дека е неповреден.