среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кошаркарите во последниот шешир во жрепката за СП 2023

Кошаркарите во последниот шешир во жрепката за СП 2023

Кошаркарската репрезентација на Македонија е сместена во последниот шешир во пресрет на извлекувањето на квалификациските групи за пласман на СП 2023 година.

Жрепката ќе се одржи во вторник на 31. август во седиштето на Светската кошаркарска федерација со почетокот во 12 часот.

Македонија пласманот во квалификациите го обезбеди преку претквалификацискиот турнир кој се одржа во Скопје и на кој избраниците на селекторот Драган Бајиќ го освоија првото место во конкуренција на Швајцарија и Словачка. Поради тоа, Македонија заедно со Словачка, Португалија и Шведска се најде во последниот осми шешир.