Кошаркарот на Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс забележа трипл-дабл остварување ноќеска во триумфот над Бруклин Нетс со 129:123 и стана првиот играч во НБА лигата со повеќе од 30.000 поени, 8.000 асистенции и 8.000 скокови.
Леброн дуелот со Бруклин го заврши со со 31 поен, 12 скокови и 11 асистенции
За Кливледн ова беше 36. победа наспроти 24 порази. Кавалирс е трет на Истокот.
Бруклин со негативен биланс 20-42 (победи-порази) се наоѓа на 13. место на поредокот во Источната конференција.