вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Македонија ја доби првата жена судија со знакот на ФИБА!

Македонија ја доби првата жена судија со знакот на ФИБА!

Македонската кошарка минатиот месец на семинарот во Загреб доби уште двајца судии со знакот на ФИБА, а што е посебно за оваа информација е фактот што покрај Андреј Златевски чест да биде дел од меѓународното семејство доби и Ема Никочевиќ, која со тоа стана првата судијка од нашата држава која доби(ва) шанса да ја дели правдата на меѓународни натпревари.

Станува збор за 29.годишна поранешна кошаркарка, која покрај определбата да биде професионален физиотерапевт реши да почне и нова интернационална кариера како дел од најдобрата судиска фела во светот.

„Почнав да судам пред седум години и тоа натпревари во училишните лиги, но и т.н. ‘мали лиги’ во Шведска. Во сениорски ранг ‘влегов’ во втората половина од натпреварувачката сезона 2018/2019, а веќе во наредната почнав да судам натпревари од највисокото ниво. Минатата сезона судев на 25 натпревари од Втората и Третата лига-мажи, но и дваесетина натпревари од женската Прва лига, вклучувајќи го и женскиот Суперкуп“, вели Никочевиќ.

Првата македонска судијка има јасни цели за предизвиците што се пред неа.

„Сакам да стекнам меѓународно искуство, да учам од најдобрите ФИБА-судии. Со нетрпение очекувам да запознаам нови луѓе, да ги проширам моите хоризонти и стекнување кошаркарски пријатели од целиот свет. Исто така, сакам да поттикнам повеќе женски колеги во обидите да станат судии и комесари на ФИБА во мојата земја“, дополнува Никочевиќ.