среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Македонија во група со светскиот шампион Шпанија

Македонија во група со светскиот шампион Шпанија

Во просториите на Светската кошаркарска федерација (ФИБА), се одржа ждрепката за квалификациските групи на патот кон Мундијалот во 2023 година.

Среќата посака Македонија да се најде во групата Г, против Грузија,Украина и светскиот кошаркарски великан Шпанија.

Иако против нас ќе игра „фуријата“, ова е сепак група по мерка, бидејќи Грузија и Украина би требало да се ривали со кои Македонија може да се надигрува.

Во овие квалификации, ФИБА го смени форматот. Од осумте групи со по четири селекции, по три ќе продолжат во следниот филтер квалификации, каде што ќе вкрстат со друга група и ќе пренесат бодови.

Квалификациите ќе се играат во повеќе етапи, почнувајќи од ноември оваа година, до февруари 2023.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

  1. КОЛО – 26.11.2021
    Грузија – Украина
    Македонија – Шпанија
  2. КОЛО – 29.11.2021
    Шпанија – Грузија
    Украина – Македонија
  3. КОЛО – 24.02.2022
    Шпанија – Украина
    Грузија – Македонија
  4. КОЛО – 27.02.2022
    Украина – Шпанија
    Македонија – Грузија
  5. КОЛО – 01.07.2022
    Шпанија – Македонија
    Украина – Грузија
  6. КОЛО – 04.07.2022
    Грузија – Шпанија
    Македонија – Украина