вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Македонските кошаркари назадуваат едно место на ФИБА рангирањето

Македонските кошаркари назадуваат едно место на ФИБА рангирањето

Македонската машка кошаркарска репрезентација забележа пад од едно место на најновата ранг-листа на ФИБА и се наоѓаа на 53 место во светски рамки.

На пласманот на „црвено – жолтите“ на ФИБА ранкингот влијаеја двата порази од Грузија во февруарскиот циклус во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година.

Најновото рангирање на ФИБА листата не донесе промени во „Топ 5“ и САД останаа на чело пред Шпанија, Австралија, Франција и Словенија.