среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Македонските кошаркарски кадети поразени од Словенија на ЕП во Скопје

Македонските кошаркарски кадети поразени од Словенија на ЕП во Скопје

Македонската кадетска кошаркарска репрезентација не успеа да обезбеди пласман меѓу осумте најдобри селекции на Европското првенство во А дивизијата, кое се одржува во Скопје, откако вечерва загуби во осминафиналето од Словенија со 100-65.

Избраниците на селекторот Александар Јованчев немаа решение за словенечкиот напад и одбрана на осминафиналниот дуел во СРЦ „Кале“ што резултираше противникот да постигне дури 56 поени во првите две четвртини и да замине на пауза со предност од 28 поени.

Македонските кошаркари анулираа дел од негативата во третата четвртина која ја решија во своја корист со 22-15, но немаа сили за целосен резултатски пресврт.

Настапот на ЕП во А дивизијата македонската репрезентација ќе го продолжи во разигрувањето за пласман од 9 до 16 место во обид да ги избегне последните три позиции кои носат преселба во пониската Б дивизија.

Словенија за противник во четвртфиналето ќе го има победникот од дуелот меѓу Шпанија и Летонија.