четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Му реков на Дражен Петровиќ: „Брате мој, те чека сообраќајна несреќа, Бог нека е со тебе“, исповед на легендрниот Мирко Миличевиќ

Му реков на Дражен Петровиќ: „Брате мој, те чека сообраќајна несреќа, Бог нека е со тебе“, исповед на легендрниот Мирко Миличевиќ

Кошаркарот Мирко Миличевиќ кои играше заедно со Дражен Петровиќ во Цибона денеска тврди дека ја предвидел сообраќајната несреќа на Петровиќ во Германија на 7 јуни 1993-та година каде на лице место загина најдобриот хрватски кошаркар на сите времиња.

-Ова го немам кажано на никого досега. Дражен беше мој драг пријател, во 1990-та година му реков дека нешто ќе се случи, а тој ме погледна како што ме погледна… Бев во Марбела во 1993-та година кога ја слушнав веста на телевизија дека тој загинал. За жал јас три години претходно му кажав што ќе се случи, вели за српски Телеграф Миличевиќ.

Потоа тој опишува и како се случил целиот разговор меѓу нив.

-Во дневната соба бевме јас Ацо Петровиќ и Дражен. Подоцна пристигна и неговата тогашна свршеница Рената. Пријде Дражаен и ми кажа: Ајде гениј, да погледнеш, треба да се земеме. Сакаше да му гледам на дланка, ја погледнав нејзината, а потоа и неговата и не кажав ништо. Ме праша што сум видел, а јас му кажав: Слушај ако ти се ожениш со Рената, јас ќе го оженам Адолф Хитлер, а јас сум поблиску до Хитлер него ти до Рената. Му реков да се фокусира на кошарката, вели Миличевиќ.

По неколку месеци тој повторно го прашал, по што тој му одговорил дека него го чека сообраќајна несреќа и господ да му биде на помош.

Поранешниот кошаркар вели дека оваа способност ја наследил од својата баба која била видовита.