Ниту еден од вкупно 482 тестирани кошаркари во периодот од 27 јануари не е позитивен на Ковид-19, соопшти денеска НБА лигата.
Изминатата недела во НБА лигата беше одложен еден натпревар поради коронавирус, но подоцна се покаже дека извршениот тест бил нецелосен со краен негативен наод
Протоколот во најсилната кошаркарски лига на светот предвидува задолжителен карантин за секој кошаркар, кој е позитивен на коронавирус или бил во контакт со заразено лице. (МИА)