Натпреварот од НБА лигата меѓу Портланд и Бруклин, кој требаше да се одигра ноќта меѓу четврток и петок, е одложен бидејќи гостинската екипа нема на располагање доволен број здрави кошаркари, објави денеска раководството на Лигата.
Бруклин во вторникот имаше десетмина кошаркари, кои се наоѓаат во здравствениот и безбедносен протокол на НБА поради зараза со Ковид-19 или близок контакт со заразено лице.
– „Нетси“ немаат осуммина кошаркари, колку што е пропишаниот минимум за да можат да го почнат натпреварот против Портланд, се наведува во соопштението на НБА лигата.
Ова е веќе осми одложен натпревар во НБА од минатиот вторник, а трет во кој требаше да играат кошаркарите на Бруклин.