Од Кошаркарската федерација на Македонија се огласија со официјално соопштени поради актуелната состојба со коронавирусот во државата.
-Земајќи ја предвид моменталната состојба со појавата и ширењето на коронавирусот (COVID-19), како и препораките на Владата и Светската Здравствена Организација, со цел да се заштити здравјето и безбедноста на играчите, тренерите, службените лица и навивачите, раководството на Кошаркарската федерација на Македонија објавува дека сите натпревари во организација на федерацијата од денеска, четврток, 12 март 2020 година со одложуваат на неодреден временски период, се наведува во нивното соопштение.
КФМ ќе продолжи да ја следи состојбата на дневна основа и ќе ги оценува опциите за продолжување или не, на соодветните натпревари кога и ако ситуацијата тоа го дозволи.“