Македонскиот ФИБА-делегат Петар Денковски доби големо признание и чест од Светската кошаркарска куќа и ќе има значајна улога на финалниот натпревар во Еврокупот.
Кошаркарската федерација на одбјави дека Денковски ја доби честа да биде ФИБА-инструктор на финалниот натпревар од Еврокупот во женска конкуренција.
Оваа улога ќе ја има на мечот за трофејот помеѓу Галатасарај и Асвел кој ќе се одигра на 12 април во Истанбул
Ова е и највисоката официјална номинација од ФИБА за еден наш официјален претставник во европските клупски натпреварувања, а исто така и признание за Македонската кошаркарска федерација.
Петар Денковски на овој меч ќе биде меѓу официјалните лица, заедно со судиите Паоло Маркес (Португалија), Гизела Гиорги (Норвешка) и Бенџамино Мануел Атард (Италија).