среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

По Харден и Џоел Ембид заминува од Филаделфија?

По Харден и Џоел Ембид заминува од Филаделфија?

Екипата на Филаделфија испадна од плеј-офот на НБА-лигата од Бостон Селтикс во серијата што траеше дури седум натпревари, а се чини дека тимот тешко може да се помири со судбината и постои големо незадоволство кај првите ѕвезди на тимот.

Веќе беше најавено дека е прекината соработката со тренерот Док Риверс, а по сè изгледа и првата ѕвезда Џоел Ембид ќе го напушти тимот во кој мина цела деценија.

Кошаркаркот кој неодамна се закити со МВП-признанието, сериозно размислува за премин во друга екипа, а информациите што стигнуваат од Соединетите Американски Држави велат дека таков чекор може да направи и неговиот партнер, Џејмс Харден.

Медиумите веќе шпекулираат дека Ембид би можел да заврши во Њујорк Никс или во  Голден Стејт Вориорс додека Харден најверојатно ќе се врати во Хјустон.