вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Српски кошаркари кои се осомничени за местење ја тужат ФИБА

Српски кошаркари кои се осомничени за местење ја тужат ФИБА

Околу триесет српски кошаркари се осомничени за местење натпревари. Интернационалната кошаркарска федерација (ФИБА) отвори постапка за повеќе дуели во кошаркарската лига на Србија, на кои се дејствувало на резултатот.

Сепак, додека ФИБА собира докази, српските медиуми пренесоа интересни вести. Имено, дел од кошаркарите кои се вмешани, се решиле дека е паметно да ја тужат ФИБА.

Причината за тоа е дека на вмешаните играчи им е забрането да преговараат и преоѓаат во други клубови за време на истрагата.

Поради тоа, неколкумина се решиле за приватна тужба на сметка на ФИБА. Кошаркарите сметаат дека нема докази против нив, па вака само им се нанесува лична штета на нивните кариери.