Здравствената комисија на Кошаркарската федерација на Македонија ги реализираше планираните тестирања за коронавирусот, кои беа неопходни за „влез“ во периодот на подготовките за настап на македонскиот национален тим на квалификацискиот турнир во Талин.
Беа тестирани сите репрезентативни кандидати, вклучително и стручниот штаб, кои во овој момент се во Скопје. Сите добија негативен наод од лекарскиот тим на федерацијата.
На конечниот список на играчи кои вечерва од 18 часот, во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје треба да го одработат ги нема имињата на Андреј Андоновски, кој пријави повреда на скочниот зглоб, заработена на последниот тренинг на МЗТ Скопје Уни Банка, и Јетмир Зекири, од приватни причини.
Откако беа уредно тестирани и сите добија негативен наод, следниве играчи треба да се јават на првиот собир на нашиот сениорски национален тим:
Љубомир Младеновски (Работнички)
Виктор Ефремоски (Работнички)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром)
Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
Марко Симоновски (Кожув)
Андреј Митревски (ТФТ)
Дамјан Робев (Куманово)
Бојан Трајковски (Пелистер)
Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка)
Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка).