Српскиот кошаркарски репрезентативец, Владимир Лучиќ го продолжи договорот со Баерн Минхен до 2025 година.
Лучиќ е играч на Баерн од 2016 година. Во Минхен пристигна од Валенсија, а претходно играше во Партизан. Минатата сезона беше избран во идеалната петорка во Евролигата.
Во тековната сезона во Евролигата, Лучиќ има просек од 13 поени, 4,4 скока и 1,3 асистенции по натпревар.