понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Од коронавирусот почина таткото на Хабиб Нурмагомедов

Од коронавирусот почина таткото на Хабиб Нурмагомедов

Таткото на светскиот првак во лесна категорија во ММА Хабиб Нурмагомедов, Абдулманап Нурмагомедов почина на 58 годишна возраст од коронавирусот.

Нурмагомедов сениор првично беше хоспитализиран во Дагестан, а откако неговата состојба се вложила бил префрлен во Москва каде починал.

Абдулманап бил примен во болницата во Махачкала на 25 април со симптоми на воспаление на белите дробови. Подоцна тестовите покажале дека е заразен со коронавирусот.

Руските медиуми пишуваа дека татакото на Хабиб не бил добро лекуван во болницата во Махачкала поради што неговата здравствена состојба сериозно се влошила.

За потсетување во изминатите месеци неколку членови на поширокото семејство на Нурмагомедов починаа од коронавирусот.