По најдобриот играч Вуко Борозан, Црна Гора на Европското првенство во Хрватска остана и без голманот Небојша Симиќ.
Тој се повреди на последниот тренинг. Има пукнат лист на десната нога па нема да може да им помогне на своите соиграчи од репрезентацијата на еврошампионатот.
Селекторот Драган Ѓукиќ ќе ги има на располагање на голот Мијатовиќ и Мијушковиќ.
Црна Гора на ЕП е во Ц-групата заедно со Македонија, Германија и Словенија.
Првиот дуел Црногорците ќе го имаат на 13 јануари против Германија.