Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кире Лазаров и ракометарот кој е во доаѓање, Филип Талески имаа одлична акција која беше завршена со цепелин и погодок на младиот ракометар.
Филип Талески втор меч по ред има момент на натпреварот откако и на првиот дуел против Словенија тој го имаше погодокот, кој остана забележан како момент на средбата.
Овој пат акцијата беше далеку поатрактивна, а притоа секако асистенцијата дојде од капитенот, па Талески ја имаше само егзекуцијата.
Голот беше постигнат за 10:9 во 19. минута од средбата, а првото полувреме заврши со резултат 16:15 во корист на Црна Гора. Прв стрелец беше Чавор со пет гола, додека во Македонија, Кире Лазаров имаше три гола, по два имаа Талески, Миркуловски и Пешевски. По еден гол во првото полувреме постигнаа Манасков, Стоилов, Прибак, Маркоски, Кузмановски и Георгиевски.