Ракометната федерација на Македонија ги пушти во продажба влезниците за претстојниот натпревар против Романија во баражот за Светското првенство.
Македонската ракометна репрезентација на десетти јуни од 20:30 часот во салата „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се соочи со Романците, а поради значајноста на натпреварот се очекува ракометарите да добијат што поголема поддршка од трибините.
Влезниците имаат цени од 100 денари (горни трибини) и 200 денари (долни трибини – партер).
Македонија првиот од двата бараж натпревари ќе го игра во Скопје, а ревашнот ќе се одигра во Клуж на 13 јуни.
Победникот од двомечот ќе обезбеди учество на Светското првенство што ќе се одржи во Данска и Германија во јануари 2019 година.