понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

172 во Босна, 107 во Бугарија, 85 во Хрватска, короната на големо се враќа во регионот

172 во Босна, 107 во Бугарија, 85 во Хрватска, короната на големо се враќа во регионот

Според официјалните податоци на здравствените власти на тероторијата на Босна и Херцеговина (заедно со Република Српска) во изминатото деноноќие се регистрирани 172 новозаболени од ковид-19. Тоа е рекорден скок на заболени во текот на еден ден.

Во Хрватска, има нови 85 заразени. Од нив 39 лица се од Загреб. Тамошниот Штаб за цивилна заштита укажува дека најголем дел биле инфицирани од вирусот при посета на ноќни клубови.

Бугарското министерство за здравство извести дека во оваа земја, во последните 24 часа има 105 случаи на ковид-19. Како последица од заразата, 4 лица го загубиле животот.